Оваа супа е виновна за епидемијата на корона вирусот? Научницте откриле како се појавила смртоносната зараза од која стравува планетата

Точка

24/01/2020

12:40

13.884

Големина на фонт

а а а

Покрај двата вида на змии, причината за епидемија од опасниот корона вирус во Кина би можела да биде супата од лилјак, поточно супата која се правела од заразени лилјаци кои ја консумирале луѓето.

Двата видови змии - кинески крајт и кинеска кобра како и супата од лилјак се можен извор за корона вирусот кој во оваа земjа покрена смртоносна заразна болест, пренесуваат од Си-ен-ен.

Кинескиот крајт е отровна змија која се наоѓа во поголемиот дел од средна и јужна Кина и југоисточна Азија.

Научниот труд со генетски код "2019.-nCoV" открива дека новиот вирус е поврзан со два примероци од корона вирусот, слични на SARS од Кина, на почетокот сугерирајќи дека извор би можел да биде и лилјакот. Вирусот во лилјакот би можел да мутира пред да ги зарази луѓето.

Mорскиот пазар Вухан Хуанан, каде што вирусот се појавил сега е затворен.

Извештаите покажуваат дека змиите кои биле продавани на пазарот за морска храна во Вухан ја зголемуваат можноста дека "2019.-nCoV" може да премине и на домашните видови на змиите, а потоа и на луѓето.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг