Славниот готвач ја оставил 30 години помладата љубовница, а таа сега му покажала што пропушта

Супермен

24/01/2020

18:26

9.525

Големина на фонт

а а а

Славниот британски готвач Пол Холивуд, овие денови ги полни насловните страници на таблоидите со скандалот кој моментално го “тресе” неговиот приватен живот.

53-годишниот телевизиски готвач ја оставил сопругата Александра Холивуд поради речиси 30 години помлада љубовница. Но, Пол сепак не останал со атрактивната Самер Монтејс-Фулам – тој неодамна бил виден со нова девојка.

За да му се одмазди и потсети што пропушта, Самер објавила неколку сексапилни фотографии на својот Инстаграм профил, а многу од нејзините 27 илјади следбеници ја опсипале со комплименти на сметка на одличниот изглед.

Во последната објавена фотографија, таа позирала на креветот во едноделен костим за капење, истакнувајќи ги сексапилните облини.

“Љубовта кон себеси е најдобриот среден прст на сите времиња”, напишала Самер покрај фотографијата, а фановите ѝ порачале дека е презгодна и им е драго што му докажува на Пол што пропушта.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk