Потресни сцени од Турција: Разорниот земјотрес однесе најмалку 20 животи, над илјада се повредени...

Точка

25/01/2020

12:34

7.335

Големина на фонт

а а а

Бројот на загинати во земјотресот кој ги погоди источните турски провинции Малатја и Елазиг достигна 20 лица, додека над 1000 се повредени, соопшти новинската агенција „Анадолија“.

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер го погоди синоќа истокот на Турција. Епицентарот на земјотресот кој предизвика голема материјална штета бил забележан на длабочина од 10 километри во првинцијата Елазиг, на околу 550 километри источно од Анкара.


Земјотресот бил почувствуван и во околните градови Адана и Хатај, па дури и на подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак.


После големиот земјотрес биле забележани уште 60 дополнителни потреси од послаб интензитет, меѓу кои и осум посилни со јачина од 4,0 степени по Рихтеровата скала.


Како што соопштија од турската служба за вондредни ситуации, на лице место веднаш биле испратени 493 спасувачки тимови од 28 турски провинции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг