Телма: Тинејџер е креатор на групата „Јавна соба“, каде се споделувани клипови на малолетнички со интимна содржина

Телма

26/01/2020

23:45

11.633

Големина на фонт

а а а

Полицијата влезе во трагата на администраторот на групата Јавна соба но ги обезбедила и телефонските броеви на над седум илјади членови, дознава Телма од извори во МВР. Во групата формирана на социјалната мрежа Телеграф беа разменувани фотографии на малолетнички со речиси порнографска содржина.

Средношколци но и возрасни споделуваа и коментираа интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава. Групата со над 7000 членови од синоќа е преименувана од Јавна соба во Група само за возрасни, пишува Телма.

Истрагата на полицијата е во тек, а информирано е и Јавното Обвинителство. Ескпертите велат дека ова е само една од десетината вакви групи кои циркулираат на интернет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг