Драма во Иран: Авион скршнал од писта и излетал на улица! Трет инцидент за неколку дена

Точка

27/01/2020

09:42

1.936

Големина на фонт

а а а

Ирански патнички авион со 135 патници скршнал од пистата и излетал на улица во јужниот град Махшар, откако при слетувањето пукнала опремата за слетување. Никој не бил потешко повреден, јавува AP.

Патниците излегле од авионот од предната врата и од излезот во случај на опасност, носејќи го својот рачен багаж, покажуваат снимките од локалната телевизија. 

Директорот на аеродромот рекол дека сите патници безбедно го напуштиле леталото. Сите биле евакуирани без повреди.

Иранската телевизија јавува дека инцидентот се случил во текот на грубото слетување во околу 9:30 часот по локално време.

Бизарниот инцидент се случил во понеделникот во градот Махшар во моментот додека на автопатот минувале голем број на возила, но и пешаци кои се движеле зад банкината.

Како што наведуваат светските медиуми, авионот долетал од Техеран, кога пилотот, од уште неутврдени причини скршнал од пистата и излетал на авто-патот.

Ова е трет инцидент во последните неколку дена со авиони во Иран, по несреќата кога на 8-ми јануари бил соборен украинскиот авион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг