Одлуката е донесена - еве како ќе изгледа логото на НБА лигата

Точка

31/01/2020

19:10

24.942

Големина на фонт

а а а

По трагичната смрт на Коби Брајант многубројни љубители на кошарката изразија желба новото лого на НБА да биде силуета од легендата на Лејкерс.

Силуетата која со децении го краси логото на најсилната кошаркарска лига во светот се смета дека е од легендарниот Џери Вест. Тоа истото го објаснил и дизајнирал Ален Сигел.

И големиот Вест по трагедијата која му се случи на Коби се изјаснил дека “нема да има ништо против доколку логото се смени и се посвети на Црната мамба од Лејкерс“.

Погледнете го предлогот за лого кој нема да биде усвоен:

Меѓутоа, соопштението на челниците на НБА лигата да се усвојат предлозите не би требало да ве чуди затоа што тие формално и официјално не признаваат дека Вест е симбол на Лигата.

Извори блиски до челниците на Лигата наведуваат дека нивниот став е толку многу крут и дека “не постои интерес поединци да бидат на логото затоа што постојат толку многу луѓе кои биле вклучени во напредокот на НБА лигата“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг