Од скапоцени возила до куп безвреден метал: Познати личности кои ги уништиле своите вредни автомобили

Супермен

03/02/2020

11:10

6.167

Големина на фонт

а а а

Тие се прекрасни, имаат моќни мотори, уникатен дизајн и се многу посакувани и скапоцени...

Најчесто ги возат познатите богати личности, што ги прави уште поекслузивни. Луксузните автомобили вредни и по неколку милиони долари, во светот на богатите и славните претставуваат единствен статусен симбол по кој се препознаваат припадниците на истата социјална група, односно оние кои кои едни на други се најголеми конкуренти. Уникатните модели, креирани во серија на ограничени изданија или направени од специјални материјали поедуваат енормна вредност поради што се воглавно надвор од досегот на обичниот, просечен човек. 

Сепак, како што е случај и со сите други автомобили, и на нив можат да им се случат разни работи – од дефекти, мали оштетувања па сè до сообраќајни незгоди во кои нивната убавина, функционалност и вредност се помножени со нула. Од Роуан Аткинсон преку Роналдо па сè до Трејси Морган, бројни познати личности повеќе пати ги уништиле своите скапоцени автомобили, претворајќи ги во куп безвреден метал.

Што останало од нивните “миленици”, можете да дознаете од текстот во продолжение:

Роуан Аткинсон и неговиот “McLaren F1”

Англискиот актер и комичар Роуан Аткинсон потрошил повеќе од половина милион британски фунти на редок модел на “McLaren F1” во 1997 година. Сепак, тој не уживал долго во него бидејќи кратко по купувањето учествувал во сообраќајна несреќа.

Актерот удрил во мал градски автомобил, а по несреќата автомобилот бил поправен. Роуан го користел возилото 12 години пред повторно да направи сообраќајна несреќа. Тогаш, автомобилот се запалил по што Аткинсон изгубил контрола над возилото и удрил во дрво.

Поправките траеле подолго време, односно над една година, а актерот повеќе немал желба да го вози по што во 2015 година го продал по цена од 8 милиони фунти.

Афроџек и неговото “Ferrari 458 Italia”

Ник Ван де Вал, попознат по своето сценско име Афроџек, го купил своето “Ferrari 458 Italia” во февруари 2013 година. Сепак, автомобилот бил многу кратко во негова сопственост: холандскиот диџеј ја удрил својата машина вредна 240.000 долари само еден час по купувањето. Сепак, тој ја научил лекцијата тогаш, па сигурни сме дека нема да вози волку моќно возило на лоши временски услови.


Кристијано Роналдо и неговото “Ferrari 599 GTB Fiorano”

Ѕвездата во фудбалскиот свет, Кристијано Роналдо, се гордее со својата автомобилска колекција која вклучува “Bugatti Chiron”, “Lamborghini Aventador LP 700-4”, “BMW M6”, “Bentley GT Speed”, “Aston Martin DB9”, “Audi R8”, како и три модели на “Ferrari” – “599 GTO”, “F430” и “599 GTB Fiorano”. Последниот наведен модел, фудбалерот го купил во 2009 година кога беше крилен играч на Манчестер Јунајтед. Два дена откако ги презел клучевите на овој убавец, изгубил контрола над воланот во тунел под манчестерскиот аеродром и го уништил до непрепознатливост. Иако автомобилот завршил на отпад по таа несреќа, Роналдо не бил повреден.


Џеј Кеј и неговото “Lamborghini Diablo SE30 Jota”

Џеј Кеј односно Џејсон Луис Читам е фронтмен на британската фанк група “Jamiroquai”. Тој има одличен вкус за егзотични автомобили и според наводите поседува повеќе од 17 модели. Во 2006 година, Џеј Кеј имал немило искуство со виолетовиот “Lamborghini Diablo SE30 Jota”, кој го користел за снимањето на спотот “Cosmic Girl”.

Додека се обидувал да сврти лево, пејачот излетал од патот и го претворил својот ценет автомобил во отпад. Покрај сето тоа, бил казнет и со 800 долари поради несреќата.


Трејси Морган и неговото “Bugatti Veyron 16.4 Grand Sport”

Трејси Морган, актерот познат по своите улоги во “30 Rock” и “Saturday Night Live” се здобил со сериозни повреди кога на неговата лимузина налетал камион на Волмарт, што ја чинело корпорацијата 90 милиони долари. Морган одлучил дел од добиената компензација да ја потроши на суперавтомобил. Тој минатото лето се почестил со половен “Bugatti Veyron 16.4 Grand Sport” кој го чинел 2 милиони долари.


Два часа откако го напуштил салонот, автомобилот на Трејси настрадал кога една “Honda” налетала на него на раскрсница. Штетата која автомобилот ја претрпел не била сериозна, но поправките секако биле скапоцени и влијаеле на неговата генерална вредност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk