Наде Молеровиќ: Работите не се менуваат ние се менуваме

Макфакс

05/02/2020

10:45

4.604

Големина на фонт

а а а

„Како што рекол Сократ пред многу години животот кој не е истражен не е вреден да се живее. За да го откриеме и развиеме нашиот потенцијал кој “дреме” длабоко некаде во нас треба да се познаваме себе си, со сите добри и помалку добри страни.

И можеби уште поважно да си признаеме себе си дека не сме совршени. Но, дека во текот на животот секогаш имаме можност да правиме промени. Да ги менуваме навиките кои не ни користат, да ги менуваме и преиспитуваме верувањата кои ги имаме, погледите и убедувањата кои се клучни за нас како го интерпретираме светот во кој живееме“- објаснува Наде Молеровиќ, едукатор, мотивациски говорник. Па се надеваме дека ќе ве поттикнеме да размислувате и можеби ќе влијаме позитивно на вашето размислување.

Знаеме ли да го живееме секој момент?

- Човекот е роден да живее, а, не да се подготвува да живее, рекол Пастернак.

Се сеќавате ли референдумот во 1991 година и она што следуваше со создавањето на нашата независна татковина?

Се сеќавате ли на денот кога светот го прославуваше доаѓањето на новиот милениум во 2000 година? А, паметите ли кога во 2004 година стартуваше ФБ?

Каде бевте тогаш вие? Какви бевте? Кои беа вашите пријатели? Какви беа вашите идеи и соништа? Ако некој ве прашаше каде ќе бевте за 10-15 години, што ќе му речевте?

Дали денес сте таму каде би посакувале да сте? Ако ги имате одговорите кои ве задоволуваат тогаш одлично, НО, што доколку немате одговори? Епа, време е да се ставите на прво место. Вие сте најважната личност, ако ги подобрите вашите перформанси најпрво вие ќе бидете задоволни од себе, а, потоа и другите околу вас. Вие сте единствената личност со која најмногу ќе си се дружите до последниот ден од престојот на оваа планета.Направете да си бидете најзабавното, најзадоволното, најмотивираното, најсреќното друштво. Кој би сакал остатокот од животот да го помине со некој кој постојано се жали, критикува, се расправа, кој е намуртен и ги има најнегативните изговори за се што не успеал да направи во животот.....А, како?

Колку зависат од нас нештата?

- Не е крајот на светот, но, вистинско време да почнете да размислувате каков живот посакувате? Запаметете, мудрите луѓе рекле, животот, настаните не се тоа што се туку како вие гледате на нив.

Сега е времето да ги осмислите наредните десет години. Сега е времето да не се плашите да си поставите суштински прашања. Сега е времето да не се плашите од искреноста на добиените одговори кои ќе ве опишат најмногу вас.Можат да бидат болни, можат да бидат освестувачки, можат да бидат мотивирачки, можат.....се можат, од вас зависи.

Бидете љуботпитни, како кога бевте дете кое постојано прашува Зошто? Зошто? Зошто? Потоа кога растевте дома ви велеа немој многу да прашуваш, слушај, па потоа наставниците ви велеа во школо: како не ти е срам да го прашуваш тоа? Па ти не знаеш? Потоа сите другарчиња кога ќе требаше да одговараш ти се потсмеваа, те понижуваа ако не знаеш......Ете, од овие верувања кои сме ги стекнале од дома, училиштето, другарчињата,заедницата, сме го ограничиле нашиот ум да прашува....и тој не прашува, се радува само на одговори. Која извртена филозофија за неможност од развивање на клучната вештина за секој човек, поставување прашања. И во училиштата денес, во 21 век сеуште на нашите деца им нудиме и бараме готови одговори, наместо да ги охрабруваме да ги поставуваат најневеројатните прашања кои можат да ги потикнат во нивните умни глави да изнајдат милион одговори.

Колку е битно да бидеме подготвени да се менуваме?

Време е да се погледнете, да се запрашате, да донесете одлука и време е за акција. За да успеете треба да се фокусирате како да ги владеете сопствените емоции. Како да негувате позитивни чувства, како да ги препознавате туѓите чувстава, како да ги промените сопствените и непроверени верувања, време е да ја промените сопстваната стратегија, да научите нови техники за да бидете задоволни во животот во кој ќе го реализирате неверојатниот потенцијал кој го поседувате , а, не сте свесни дека ја имате моќта да живеете неверојатно среќен и успешен живот.

Кои се прашањата кои вас ви го променија животот?

Прашања кои мене ми го променија животот, а, денес уживам да ги одговарам постојано и да се преиспитувам:-

Дали сум среќна со мојот живот токму сега? Кои навики не ми помагаат да го реализирам целиот свој потенцијал?Што најдобро функционира во мојот живот сега? Што треба да направам да ги создадам резултатите што ги посакувам?

Што научив ново овој ден?Дали некого направив среќен денес?Дали помогнав нешто?......На 5 Февруари во Домот на културата Кочо Рацин ќе откријам уште многу интересни и мотивирачки прашања кои можат да го променат и вашиот живот. Моќта на одлуката ја имаме сите и кралот и работникот!!!!

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг