Познато каде и кога ќе се одржи комеморацијата на Коби и Џиана Брајант

Точка

07/02/2020

09:36

3.016

Големина на фонт

а а а

Комеморацијата за Коби Брајант и неговата ќерка Џиана ќе биде одржана на 24-ти февруари во Стејплс центарот, пишуваат од „Лос Анџелес Тајмс“.

Неименуван извор го отрил и местото и времето на комеморацијата која ќе биде одржана на симболичен датум.

Бројот 24, Брајант го носеше во текот на својата кариера додека пак неговата ќерка го носеше бројот 2, а овој број го симболизира месецот февруари.

Една од идеите била комеморацијата да се одржи на фудбалски стадион за да може да пристуствуваат погомем број луѓе, но на крајот изборот е на местото каде што Коби Брајант ја испиша својата кошаркарска историја.

Стејплс центарот беше вториот дом на Брајант, а токму во него помина 20 години од својата брилијантна кариера.


Навивачите ширум Америка по хеликоптерската несреќа почанле да се собираат пред легендарната сала за да му оддадат почин на својот идол.

Дресови од Брајант, пораки и свеќи поставени пред домот на ЛА Лејкерс веќе со денови стојат таму.

Сè уште нема официјална информација за времето на комеморацијата, медиумите пишуваат дека влезот во салата ќе биде строго ограничен.

Коби и Џиана загинаа на 26-ти јануари во близина на Калабасас - Калифорнија во хеликоптерска несреќа во која настрадаа уште седуммина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг