Најголемиот скандал во Холивуд: Сопругот на популарната актерка ја “уловил“ во кревет со неговиот малолетен син (13)

Точка

11/02/2020

21:59

14.654

Големина на фонт

а а а

Николас Реј беше еден од популарните холивудски режисери во таканаречениот “златен период“ на филмската индустрија.

Ремек делата како што се „На осаменото место“, „Бунтовник без причина“ или пак „Ноќите живееја“, претставуваат врвни остварувања во своите жанрови, а неговите остварувања послужиле како инспрација на многу режисери кои се појавиле подоцна.

Во четиригодишниот брак со легендарната актерка Глорија Грејем, имал падови и издигнувања, а нивното разделување е едно од најскандалозните во Холивуд.

Реј ја “уловил“ Глорија во кревет со неговиот син Ентони, а момчето во тоа време имало само 13 години.

Шокот кој што тој го чувствувал во тоа време е неспоредлив со било што друго.

Тоа не донело до автоматски развод туку парот се трудел што посуптилно да му соопшти на светот дека повеќе не се заедно.

Интересно е тоа што Грејем по бракот со Николас имала уште два брака. Прво се венчала со Сај Хауард, а потоа со младиот Ентони. Бракот со Ентони траел цели 14 години. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг