Чудовиштето од Лох Нес постои! Се појави прва автентична фотографија од тоа суштество

Точка

12/02/2020

11:17

5.558

Големина на фонт

а а а

Приказните за чудовиштето од Лох Нес се раскажуваат веќе 1.500 години. Многумина тврдеа дека чудовиштето го виделе со свои очи, но сепак никогаш за тоа не постоел ниту еден доказ.

Меѓутоа, фотографијата која неодамна се појави на социјалните мрежи би можела да претставува доказ дека ова чудовиште е реално.

Скелет со необичен изглед пронајден е на крајбрежјето на една плажа во Шкотска, а на социјалните мрежи веднаш почнало да се дебатира за тоа дали коските припаѓаат на чудовиштето кое со векови влева страв во коски кај луѓето.

Фотографијата била поставена на официјалната страна на порталот „Fubar“ од Шкотска на 9-ти февруари, а за кратко време добила над 100 илјади лајкови, коментари и споделувања.

Некои од луѓето кои коментирале мислеле дека станува збор за скелет од кит и апелирале да се повикаат биолози за да се испита за што станува збор.

Засега не е објавено дали скелетот навистина припаѓа на некој цицач или пак навистина станува збор за чудовиштето од Лох Нес. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг