Бил најголемиот противник на Тесла – научникот кој успеал да го понижи и засекогаш да остане омразен меѓу многумина

Супермен

12/02/2020

15:46

4.884

Големина на фонт

а а а

На денешен ден 1847-та година роден е американскиот физичар и бизнисмен Томас Алва Едисон.

Едисон ќе остане запаметен во светот на науката иако засекогаш ќе биде омразен поради тоа што му го направил на Никола Тесла.

Никола Тесла на почетокот од својата кариера го уважувал Едисон, може да се каже дека му бил идол.

Претходниот работодавач на Тесла, Чарлс Бачелор му го препорачал на Едисон, во писмо во кое пишувалo: „Познавам двајца големи луѓе, Вие сте едниот, а другиот е ова младо момче“.

Сепак, нивната соработка не завршила добро. Тесла го напуштил, а потоа започнал своја кампања, а оттогаш и ден денес се прераскажува една анегдота.

Легендата вели дека Едисон му ветил на Тесла дека ќе му исплати 50.000 долари доколку ја унапреди работата на неговиот генератор.

Кога тоа се случило, Тесла дошол до својата награда, а потоа добил одговор: „Па вие младо момче не го разбирате овој американски хумор“.

Приказната не завршила таму, а веројатно и некои од наредните генерации дебатираат за способноста на овие двајца научници. Меѓутоа, мора да признаеме дека Едисон покрај тоа што бил добар научник, бил и многу способен бизнисмен за разлика од Тесла кој во својата брашна важел за “уметник“.

Додека Едисон се збогатувал на сметка на прекрасните научници, Тесла живеел многу скромен живот.

На Едисон му се припишуваат заслугите за изум на електричните сијалици. Тој не верувал во принципот на наизменична струја, а во својот проект вложил многу пари.

За да му докаже на Тесла дека не е во право, со помош на струја убил неколку животни, меѓу нив и еден слон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk