Колку повеќе свириш, толку повеќе чекаш: Овој град пронашол решение за големата врева во сообраќајот

Супермен

14/02/2020

14:45

2.594

Големина на фонт

а а а

Иако напнатоста на возачите кои не престануваат да свират во сообраќајниот метеж е дел од секојдневието на улиците на метрополите, властите на Мумбај одлучиле да ја прекинат оваа врева со воведување на нов вид на казна.

Сè помал број на возачи во Мумбај ќе ја користат свирката поради новиот метод бидејќи полицијата започнала со поставување на уреди на семафорите кои ја мерат количината на врева. 

Возачите се приморани трпеливо и без негодување да чекаат пред семафорот. Доколку ја употребат свирката, уредот го ресетира семафорот и се враќа времето кое мора да помине за да се вклучи зеленото светло. Со ова, полицијата на Мумбај сака да ја намали напнатоста и анксиозноста на возачите во текот на возењето по градските сообраќајници, па е воведена пробна програма наречена “Казнен сигнал”. 


Светлосната сигнализација на раскрсниците е поврзана со звучни сензори кои ја мерат вревата. Ако таа е поголема од 85 децибели, нетрпеливите возачи ризикуваат да поминат “цела вечност” пред семафорите.

Полицијата ги забележала првите снимки од работата на системите за сузбивање на вревата кои веднаш станале вирални на социјалните мрежи. На лицата на нервозните возачи се забележува збунетост кога ќе сфатат дека поради нивното однесување ќе мора да причекаат уште некоја минута на семафорот.

##https://twitter.com/MumbaiPolice/status/1223090017397960705?s=20##

Искуството на мумбајската полиција ги мотивирало и другите градови во Индија да ја применат ваквата технологија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk