Жителите непотребно се иселиле, а половина век подоцна се појавиле семејства кои сакаат да го вратат стариот сјај на селото.
Сел е мало село во долината на Салагу во Јужна Франција, познато по темноцрвената почва и сувата клима. Од 63 жители повеќето се занимавале со земјоделство и лозарство. Живееле мирно се додека властите не одучиле да ги иселат за да можат да го потопат целото подрачје во 50-тите години од минатиот век.
Причината била криза, пазарот за вино бил презаситен, а недостасувала земјоделска разновидност. Французите се надевале дека акумулациско езеро на земјоделците ќе им овозможи од лоза да минат на други култури. Меѓу 1959-та и 1968-ма жителите на селото морале да ги продадат своите куќи за да отстапат простор на новото езеро.
Водата полека го прекривала местото, но селото не го потопила. Французите сметале на тоа дека водата ќе се крене на висина од 150 метри, но сопреа на 139 метри, 4 метри пониско од селото.
Селаните непотребно се иселиле, а 50 години подоцна се појавиле семејства кои сакаат да го вратат стариот сјај на селото. Денес тука живеат 35 луѓе, а местото е се попопуларно меѓу туристите кои таму возат велосипеди, шетаат по црвеното земјиште и уживаат во природата.
Сепак, новите жители не сакаат место кое ќе привлекува посетители шест месеци во годината, туку заедница во која луѓето работат и живеат.
Семејствата на некогашните жители имаат поделени мислења за враќањето. Некои се и натаму бесни поради принудно преселување, други можеби би се вратиле - но не во куќите кои ги оставиле така. Иднината на ова село денес зависи од луѓето кои се подготвени повторно да го оживеат селото.