Хакерот што ги разоткри Манчестер сити се наоѓа во затвор

Макфакс

15/02/2020

15:07

3.776

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот свет се уште се тресе од „земјотресот“ што го предизвика УЕФА со казната што му ја изрече на актуелниот англиски првак Манчестер сити. УЕФА вчера на парично го казни со 30 милиони евра и на две години од европските купови го суспендираше Сити.

Манчестер сити не го почитувале финансискиот фер-плеј во периодот од 2012 до 2016 година. Деталите за малверзациите што ги правеле во Сити, но и за други нечесни работи во европскиот и светскиот фудбал, во јавноста се појавија благодарение на „Фудбал Ликс“ и германскиот весник „Шпигл“.

Хакерот кој се прослави со „Фудбал Ликс“ Португалецот Руи Пинто се наоѓа во притвор. Суспензијата што ја добија Манчестер сити може да му биде еден вид на сатисфакција.

Тој во Португалија се соочува со 90 различни обвинувања за хакирање, саботажа и измами и од притворската ќелија го чека изрекувањето на казната.

Пинто се наоѓа во притвор од март минатата година. Последната жалба му била одбиена пред два дена.

##https://twitter.com/Otriple1/status/1228597495242072064?s=20##

Хакерот од својот дом „ископал“ 70 милиони документи во кои има докази за нечесни работи на цела низа фудбалски клубови. Токму во тие документи се појавиле и доказите против Манчестер сити.

Неодамна токму за „Шпигл“ изјавил дека е свесен дека може да заврши в затвор за она што го направил.

„Знаев дека ова можа да се случи. Знаев дека португалските власти вршат прогон врз „свиркачите“. Бев подготвен на ова“, рекол Пинто и продолжил.

„Португалските власти се плашат од она што јас го знам, поради тоа е важно да не го загубам разумот. На почетокот фаќав белешки за мојот случај во тетратка. Потоа му ја одзедоа. Мојот адвокат беше присутен кога вршеа претрес во ќелијата и ми кажа дека тетратката немале право да ми ја земат. Тоа не го направија затворските стражари туку обвинителите. Тие прават што сакаат. Дури по еден месец ми ја вратија тетратката“, раскажал Пинто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг