Коронавирусот можеби никогаш нема да исчезне: Ова се трите можни последици од смртоносната епидемија

Точка

16/02/2020

14:12

8.710

Големина на фонт

а а а

Епидемијата на коронавирусот во претходниве денови доживеа голем скок – од смртоносниот вирус заразени се околу 65.000 луѓе ширум светот, а починати 1.383. Научниците предвидуваат три возможни исходи од оваа глобална опасност.

Според истражувањето на СЗО, секоја личност која е заразена од коронавирусот истиот го пренесува на 1.4 до 2.5 други луѓе. Еден од моделите на пренесувањето сугерира дека дури 300.000 луѓе би можеле да бидат заразени до 24-ти февруари.

Четирите познати коронавируси кои моментално постојат се ендемски што значи дека се трајно присутни во глобалната популација. Сите тие предизвикуваат настинка, а во ретки компликации и воспаление на белите дробови и смрт.

Со константното ширење од човек на човек, многу експерти проценуваат дека епидемијата веќе го достигнала благиот почеток на пандемија.

Прво сценарио – вирусот никогаш нема да исчезне

Многу од ескпертите се согласни дека вирусот никогаш нема да биде запрен. Моментално најверојатната опција е дека новиот вирус ќе стане уште еден во низата вируси кој од година на година ќе циркулира меѓу луѓето како грип или настинка предизвикан од другите коронавируси.

Следнто прашање е како ќе изгледа животот доколку ова сценарио се оствари?


Вирусите кои се пренесуваат меѓу луѓето воглавно не сакаат влага и високи температури поради што можат многу поретко да се добијат во текот на летото.

Доколку новиот коронавирус “се однесува така“ тогаш најверојатно истиот ќе престане да се шири веќе во првите седмици од летото.

Но, тоа не значи дека целосно ќе исчезне. Тој би можел да ја помине фазата на пандемија за конечно да стане респираторна болест која од сезона во сезона ќе предизвикува воспаление на белите дробови.

Второ сценарио – строги мерки во областа на јавното здравје со кои вирусот ќе се искорени

Новата епидемија е слична како САРС од 2003-та година, и во двата случаи станува збор за коронавируси кои делат 80 отсто од својот генетски материјал, а кои настанале од лилјаците кои се продаваат на кинескиот пазар. Тоа би значело дека исходот од епидемијата би можел да биде сличен.

Ширењето на САРС на крајот било ограничено преку карантини, ограничување на патувања, со кампањи за јавно информирање и проверки на аеродроми. Што значи дека истите мерки моментално се спроведени и во Кина.


Трето сценарио – научниците се во потрага на вакцина

Тоа во што се согласни сите научници е дека вакцината е неопходна доколку светот сака да му зададе удар на новиот коронавирус.

Пет водечки фармацевтски компании најавуваат истражување за развој на лек против коронавирусот. Некои развиваат вакцини од нула со помош на генетски код од вирусот додека пак други ја тестираат ефикасноста на веќе постоечките лекови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг