Најстариот ресторан на светот се наоѓа во Шпанија, а едно од најбараните јадења е балкански специјалитет

Точка

16/02/2020

12:30

6.758

Големина на фонт

а а а

Шпанската кујна е позната по прекрасно подготвеното свинско месо. Ел Кочиниљо – свинско месо кое се служи во Кастиља уште од римско време.

Сместен во историскиот дел на Мадрид, веднаш покрај Плаза Мајор, се наоѓа ресторанот Ел Собрино де Ботин – најстариот ресторан на светот.

Во 1561-та година Мадрид станал главниот град на Шпанија, а документот од 1590-та година покажува дека на таа локација имало гостилници во кои што се служело денес познатото свинско месо.


Ел Кочиниљо, мало прасе, традиционална храна во Кастиња се служи и во ресторанот Ботин уште од неговото отворање и се уште се приготвува и сервира на истиот начин.

Ниту еден шпански оброк не е готов без џеман. Шпанска чадена шунка која се разликува од било која друга на светот.

Останатите познати јадења кои се сервираат таму вклучуваат и кипироне ен су тинта, тоа се лигњи кои се приготвуваат на маст заедно со ориз и јагнешко месо.

Во текот на својата 500-годишна историја, Ботин имал голем број познати гости, а меѓу нив и Ернест Хемингвеј, познатиот писател.


Тој во некоја од своите книги исто така го споменува овој ресторан:

„Сонцето повторно се раѓа“: „Ручавме во Ботин. Тоа е еден од најубавите ресторани на светот. Имавме печено свинско месо и малку се напивме“.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг