Барселона на официјалниот Твитер профил го претстави Нејмар, а потоа се јави со соопштение

Дерби

16/02/2020

13:08

1.258

Големина на фонт

а а а

Минатото лето бразилскиот ас од редовите на ПСЖ се поврзуваше со враќање во Барселона, а нема сомнеж дека вакви шпекулации ќе има и во текот на следниот преоден рок.

Ианку, на официјалниот Твитер профил на Барселона во текот на вчерашниот ден осамна објава од Нејмар во дрес на клубот на која многумина од фановите се израдуваа.


Сепак, од клубот веднаш потоа се огласија дека нивниот профил бил нападнат од хакери и дека пораките веднаш се избришани.

– Твитер профилот на Барселона беше хакиран и тоа е причината зошто некои пораки кои не се поврзани со клубот се појавија во јавноста. Се е пријавено и избришано, -стоеше во дел од објавата на официјалните лица на клубот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг