Конте не запира со купување од Премиер лигата: На лето прв избор ќе биде еден од најдобрите стрелци оваа година

Дерби

16/02/2020

13:12

2.073

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте склопи фантастичен тим со играчи од Премиер лигата на кои им „помина“ времето во Англија.

Така, на „Меаца“ пристигнаа неколку играчи кои беа под договор со клубови од Англија и истите веднаш се наметнаа како прв избор во тимот на Интер.

Најмногу се истакнува Ромелу Лукаку кој не беше прв избор кај Солскјер, а сега во Интер руши клупски рекорди. Слична е ситуацијата и со Алексис Санчез кој се почесто добива прилика, а и со зимските засилувања од Премиер лигата, Кристијан Ериксен, Ешли Јанг и Виктор Мозес. 

Конте не планира да застане тука, па на лето ќе тргне по услугите на Пјер Емерик Обамејнаг за кого нема да штеди пари. Габонецот ќе пристигне на „Меаца“ како замена за Лаутаро Мартинез кој веројатно ќе се пресели во редовите на Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг