Забивањата на Ол-Стар викендот донесоа и тензии: Кошаркар на Орландо најави дека никогаш повеќе нема да учествува во натпреварувањето

Дерби

16/02/2020

13:15

3.172

Големина на фонт

а а а

Синоќа беше одржана втората вечер од НБА Ол- Стар викендот кој оваа година се одржува во Чикаго.

На програмата меѓу другите егзибициони натпреварувања беше и натпреварувањето во забивање.

Наградата за најдобро забивање замина во рацете на Дерик Џоунс Јуниор (Мајами) кој во финалната рунда го победи Арон Гордон (Орландо). И двајцата имаа одлични забивања, меѓутоа многумина сметаат дека Гордон требало да ја однесе победата. 

По изборот, со коментар се јави и кошаркарот на Орландо Меџик кој луто посочи дека повеќе нема да се пријавува за настап на забивањата на Ол- Стар викендите. 

– Прескокнав човек од 227 сантиметри и што добивам? 47 поени? Ма дајте, што правите? Чувствувам дека требаше да имам два трофеи. Мислам дека повеќе нема да учествувам во ова натпреварување, -порача нервозниот Гордон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг