Мајсторски маневар на двајцата пилоти: Го приземјија најголемиот авион на светот при силни „удари“ на ветрот

Точка

17/02/2020

08:45

3.740

Големина на фонт

а а а

Вештиот маневар на двајцата пилоти е забележан на видео снимка направена на лондонскиот аеродром „Хитроу“.

На снимката може да се види како големиот авион се бори со силниот ветер на најголемиот лондонски аеродром. Станува збор за "Airbus A380" на авиокомпанијата „Етихад Ервејс“ кој двајцата пилоти успеаа да го приземјат и покрај силните ветрови од 85 километри на час кои ги донесе бурата „Денис“.

Десетина летови биле откажани на „Хитроу“, но овие двајца пилоти успеаа да се справат со тешките услови и да го приземјат леталото тешко дури 573,794 килограми, насочувајќи го во правец на дување на ветрот, пред конечно да завртат пред допирањето на пистата.

Инаку, "Airbus A380" е најголемиот патнички авион на светот со должина од 73 метри и распон на крила од 80 метри. Во максимална конфигурација може да пренесе дури 853 патници, а лета со брзина од 900 километри на час.

Откако компанијата „Емирејтс“ ја намали својата нарачка од "Airbus", овој авион наскоро ќе престане да се произведува затоа што се покажа како недоволно исплатив за пазарот и производителот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг