НБА ѕвездите се држеле за раце во текот на говорот на Меџик за Коби: Осум секунди во кои времето застанало

Супермен

17/02/2020

10:21

2.911

Големина на фонт

а а а

Имаше многу емоции на НБА Ол-стар натпреварот во Чикаго, во кој во драматичен меч прослави тимот на Леброн со 157:155, во кој играше и Никола Јокиќ кој на крајот запиша 5 поени за 12 минути на паркетот.

Мечот на сите ѕвезди помина и во оддавање почит за настраданата легенда Коби Брајант. Секако најемотивниот момент беше говорот кој го одржа Меџик Џонсон, легендата на ЛА Лејкерс која добро го познаваше Коби, но и Дејвид Стерн, долгогодишен комесар на НБА лигата кој неодамна исто така почина. 


“Изгубивме двајца членови на НБА семејството кои им значеја на лигата, навивачите и заедниците ширум земјата. Дејвид Стерн беше еден од најголемите комесари кои една лига некогаш ги видела. Поточно, на Ол-стар натпреварот во Орландо, кога само што објавив дека имам ХИВ, Стерн ми дозволи да играм и ми го спаси животот. Спаси милиони животи на луѓе кои живееја со ХИВ ширум светот. Им дозволи на играчите како мене и помладите да бидат во домаќинствата ширум планетата. Му благодарам на Бога што ја имавме неговата визија НБА да биде глобална игра и погледнете колку меѓународни играчи ја подобрија лигата поради таквата визија”.

Потоа се осврна и кон Коби Брајант и направи гест кои многумина засекогаш ќе го запаметат.

“И тука се бројот 8 и бројот 24, Коби Брајант. Ќе кажам уште еднаш бидејќи ова навивање треба да биде малку посилно: Коби Брајант”, рекол Џонсон пред публиката да започне да го скандира името на Коби.


“Никогаш повеќе нема да видиме играч како Коби кој дава 81 поен во еден меч, дава 60 во својот последен во кариерата и потоа освојува 5 прстени. Но, она на кое што сум горд кога ќе се сетиме на Брајант, има милиони луѓе во Лос Анџелес кои немаат дом, а Коби се бореше да добијат, засолниште, секој ден. Беше страстен околу тоа. Но, и да биде одличен сопруг, татко, филмаџија. Тој освои Оскар. Ова е тежок момент за цело НБА семејство и ако можам да ве замолам да станете...”.

“Сè што сакам да направите за Коби и Дејвид е да се држите за раце. Сакајте се, зближете се, Коби би го сакал тоа и нѝ требаат само 8 секунди. Бог нека нè благослови. А замислете која е иронијата што Коби вежбаше со многу од овие момци и им даваше одлични совети. Секогаш беше тука за нас на еден или друг начин. И затоа е тука Џенифер Хадсон да му оддаде почит”, рекол Џонсон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk