Гатузо воодушевен од Елмас: Ако остане со нозете на земја…

Дерби

17/02/2020

10:52

1.649

Големина на фонт

а а а

Елиф Елмас ја придоби довербата од страна на Џенаро Гатузо и повторно беше стартер за Наполи на мечот на Сардинија, натпревар на кој Наполи успеа да оствари минимална победа благодарение на голот кој го постигна Мертенс.

Македонскиот репрезентативец го одигра цел меч и ја продолжи фантастичната серија на резултати кога тој е стартер за Наполи, учинок по кој следеше и оптимистичка игра од страна на Гатузо кој очигледно се повеќе е воодушевен и импресиониран од квалитетите на 20-годишниот играч за врска.

– Елиф елмас знаее дека треба да се подобри во одредени сегменти. Тој е многу силен и има технички квалитети кои ме изненадуваат и воодушевуваат. Неговата глава секогаш е на место, постојано е во мечот. Важна работа е тоа што кога ќе направи грешка, веднаш го брише тоа од својата глава. Уште еднаш ќе кажам дека има 20 години и дека има фантастична комбинација од сила и техника. Ако остане со нозете на земја, може да направи нешто важно во фудбалот, – изјави Гатузо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг