Американските медиуми открија голема лага на Белата куќа: Еве зошто убиството на иранскиот генерал е државен тероризам

Точка

17/02/2020

11:05

2.342

Големина на фонт

а а а

Главниот командант на иранската „Кудс“ елитна единица, Касим Сулејмани не планирал никакви напади на САД, стои во извештајот на Белата куќа кој го добил Трамп пред да нареди изведување на нападот.

Според американските медиуми, тоа е акт на државен тероризам во кој иранскиот генерал беше убиен на 3-ти јануари. Во извештајот кој му бил предаден на Трамп, не биле споменати било какви закани по САД кои доаѓале од Касим Сулејмани.

„Дописот на две страници кој Представничкиот дом го објави во петокот покажува дека државниот удаар против Сулејмани бил извршен како одговор на претходните напади“, стои во документот кој го објави „Њујорк Тајмс“.

Истиот ден кога документот бил објавен, Сенатот усвои закон за ограничување на претседателските воени овластувања против Иран, закон за кој ќе мора да се дебатира во Конгресот и кој ќе може да го надвладее ветото на претседателот.

Поради тоа, американските медиуми тврдат дека од Белата куќа лажеле кога кажале дека генералот Касим Сулејмани планира непосреден напад на САД, а неговата ликвидација била спроведена за тоа да биде спречено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг