Направете место на тронот – пристигнува новиот најбогат човек на светот

Супермен

17/02/2020

11:59

4.606

Големина на фонт

а а а

Директорот на компанијата Тесла, Илон Маск, конечно би можел да заработи огромна сума на пари до средината на пролет ако акциите на произведувачот на автомобили останат стабилни и ако компанијата успее да го задржи својот просечен пазарен лимит над 100 милијарди долари.

Акциите на Тесла пораснаа за речиси 250 проценти за половина година и достигнаа референтна пазарна капитализација од 100 милијарди долари, за првпат во својата историја. Акциите ѝ овозможија на компанијата да го прејде прагот од 150 милијарди долари, а во петокот се продавале за околу 800 американски долари по акција. 

Ако Тесла успее да го задржи ова место во наредните неколку месеци, извршниот директор Маск кој не прима плата или бонуси, конечно ќе може да прима плата во април под услови од својот пакет за 2018 година. Покрај неколкуте финансиски цели кои компанијата веќе ги исполнила, Тесла треба да остане над пазарната вредност од 100 милијарди долари.


Пазарната вредност треба да го задржи тоа ниво од 100 милијарди долари во период од 6 месеци за да се активира првата транша опција која ќе му овозможи на Маск да купи дополнителни акции.

Тоа ќе му овозможи да купи 1,7 милиони акции на Тесла. Маск моментално има удел во Тесла вреден околу 12 милијарди долари. Ако успее да ја оствари целта да ја претвори Тесла во компанија вредна 650 милијарди долари, Илон Маск ќе стане најбогата личност на светот и ќе го симне од тронот извршниот директор на Амазон, Џеф Безос.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk