Научниците откриле: Коронавирусот може да преживее на површини околу нас и до 9 дена

Точка

17/02/2020

13:43

3.188

Големина на фонт

а а а

Научниците откриле дека новиот коронавирус (N-CoV) може да преживее на метал, пластика и стакло до дури 9 дена.

Тим научници од “Ruhr-Universität Bochum” и Институтот за хигиена и медицина на животната средина при “Greifswald University Hospital” собрал сеопфатни наоди од 22 студии за коронавирусот и проучувал како се однесува патогенот. 

Оваа студија, објавена во магазинот “The Journal of Hospital Infection”, ја нагласува важноста од спречување на инфекции со познавање на начините на кој се однесува новиот смртоносен вирус.


Коронавирусот, како и другите микроорганизми кои предизвикуваат болести, можат да се задржат на работите кои се на луѓето или околу нив. Вирусот може да се шири преку контакт со заразени површини како кваките на вратите, телефонските слушалки, копчињата во лифтовите, површината во градскиот превоз и слично.

Резултатите од најновото истражување покажуваат дека вирусот може да преживее до 9 дена на површини и да влијае на понатамошно ширење на епидемијата на собна температура, со просечен животен век од 4 до 5 дена.

Тимот исто така открил дека ниските температури и високата влажност на воздухот дополнително го зголемува животниот век на коронавирусот.

Најдобар начин за убивање на коронавирусот

Најдобриот начин за борба против коронавирусот кој останува на површините наменети за јавна употреба како што се стакло, метал и пластика, е нивно чистење со раствор кој содржи 62-72 отсто алкохол, 0,5 отсто хидроген пероксид или 0,1 отсто натриум хипохлорид во рок од една минута.


Ако овие агенси се применуваат во вистинско време и во препорачани концентрации, тврдат научниците, тие можат да го намалат бројот на заразни честички.

Резултатите на оваа студија имаат ограничувања бидејќи до нив се дошло само врз основа на анализа на досегашните студии и податоци за другите видови на коронавирус со кои човештвото досега се сретнало.



Спонзорирани линкови

Маркетинг