Азар им објасни на Шпанците како точно се изговара неговото презиме по ремито со Селта

Дерби

17/02/2020

14:18

1.693

Големина на фонт

а а а

Еден Азар понуди навистина позитивни импресии и остави фантастичен впечаток на своето враќање на терените, но по неочекуваниот кикс на Реал Мадрид на домашен терен против Селта Виго, Белгиецот имаше и едно необично задолжение поврзано за изговорот на неговото презиме.

Во Шпанија до синоќа имаа дилеми како правилно се изговара и се чита името на белгиската суперѕвезда, па во интервјуто кое го одработи по крајот на мечот со тимот од Галиција, Еден мораше да појаснува дека неговото презиме е „Азар“, а не „Асар“ како што го изговараат Шпанците.

Како и секогаш, Азар беше доста расположен и на симпатичен начин и долови на јавноста како се изговара неговото презиме, а во продолжение вети дека следното интервју комплетно ќе го одработи на шпански јазик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг