ЕХФ со голем поздрав за сцените во „Јане Сандански“: Во тешки времиња се гледа големината!

Дерби

17/02/2020

14:22

2.405

Големина на фонт

а а а

Ракометарите на Вардар ги оставија сите проблеми зад себе и одиграа херојски меч против Мотор Запорожје, натпревар на кој играчите уште еднаш успеаја да ја воодушеват публиката која од трибините им возврати на идентичен начин.

Конекцијата меѓу играчите и фановите на Вардар е едноставно неверојатна и поради тоа „Јане Сандански“ со години наназад важи за неосвоива тврдина, а тоа го докажаа на дело и во ситуација кога тимот ги доживува најтешките моменти во поновата историја. Заминувањето на Криштопанс и големата финансиска криза не ги спречи играчите и фановите да го дадат својот максимум, а тоа ги импресионираше првите луѓе на ЕХФ кои не штедеа комплименти за фан базата на европскиот шампион.

– Во тешки времиња е уште поважно да имате голема поддршка и тогаш доаѓа до израз екот од навивачите. Фан базата на Вардар е супер во тој поглед, го туркаат тимот во добри, но и во лоши времиња. Каква атмосфера во Македонија, само уживајте, – гласи објавата на ЕХФ посветена на најдобрата публика во Европа.

Видеото погледнете го ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг