Пубертетот за некои направил чудо: Симпатичните волшебници од “Хари Потер“ сега се возрасни, тешко дека ќе ги препознаете...

Точка

17/02/2020

17:11

5.998

Големина на фонт

а а а

Премиерата на првиот дел од култниот филм „Хари Потер“ се случи во 2001-та година. Сите “симпатични глави“ со волшебнички шешири сега се пораснати, а поголемиот дел од нив доживеале посериозни промeни - пубертетот за некои од нив направил чудо.

Сигурно се сеќавате на веселите браќа Визли. Близнатице Џејмс и Оливер Фелпс ги оживеаjа ликовите на Ј.К. Роулинг на несекојдневен начин.

Долги, портокалови коси, шармантна насмевка - браќата Визли навистина знаеја да се шегуваат и ги знаеја рецептите за волшебни напитоци за кои никој не слушнал.


Џејмс и Оливер на 14 гoдини побегнале од писмена задача на училиште само за да се пријават за аудицијата за Хари Потер. Иако претходно немале актерско искуство сепак ги добиле улогите. Беа редовен дел од актерската екипа во текот на снимањето на целиот серијал.

По снимањето на Хари Потер, близнаците се пријавиле и за серијата „Jungdom“ и во краткиот документарец за Платон.

Близнаците не се нешто многу активни на телевизија и во филмовите, но затоа се многу посветени на хуманитарната работа и повеќе пати донирале пари за лечење на децата кои се заболени од канцер како и во проектите за пронаоѓање на лек против рак.


Ликот на русокосиот негативец и припадник на куќата Слидерин, Драко Мелфој го оживеа Том Фелтон. Младиот актер кариерата ја започнал во серијата „Bugs“, а подоцна му се укажала можност за толкување улога во „Хари Потер“.


Тоа што е помалку познато за овој актер е дека тој е голем љубител на музиката. Се обидел во работата како кантавтор, но без поголем успех.


Фелтон и понатаму е активен во актерските води, но сè уште не успеал да ја достигне славата на неговите колеги - Даниел Редкил и Ема Вотсон.

Најголемата трансформација, од симпатично буцкасто момче до вистински шармантен човек ја доживеал Метју Луис кој ја играше улогата на Невил Лонгботом.

##https://twitter.com/StarsThenVsNow/status/733063116553125888?s=20##

Метју на своја петгодишна возраст почнал да се занимава со актерство во Западен Јоркшир. Првата улога ја остварил во британската серија „Some Kind of Love“, а потоа пристигнал и „Хари Потер“ и светската слава која ја достигнал.

Метју исто така беше дел од успешните холивудски филмови „Me Before You“ и „The Rise“.

И за крај, нашиот омилен Рон Визли.


Рон Визли, остана Рон Визли. Портокалова коса, избезумен поглед, само што денес е малку повеќе кул. Улогата на Рон ја толкуваше симпатичниот Руперт Гринт кој по серијалот на „Хари Потер“ има многу телевизиски ангажмани. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг