Кралицата Елизабета со раширени нозе, Кејт во бикини, а Меган со чашка алкохол во рацете – урнебесни фотографии од кралското семејство

Точка

17/02/2020

22:21

19.530

Големина на фонт

а а а

Дека случувањата во британското кралско семејство се инспиративни и дека ја будат креативноста кај поединци, доказ е еден профил на Инстаграм кој се занимава токму со тоа.

Иако никогаш не би можеле да ја замислите кралицата Елизабета со раширени нозе, Меган како држи чашка алкохол во раката и Кејт Мидлтон која полугола лежи на Вилијам - сега ќе може да го видите токму тоа.

На еден странски профил на Инстаграм протекле комични фотографии каде што со помош на фотошоп искарикирани се сите личности од Бакингемската палата.

Прва на список се нашла кралицата Елизабета на која освен што ѝ се зголемени усните, прикажана е како бунтовничка која што ги шири нозете.

Следна е Кејт Мидлтон која во минијатурно бело бикини лежи на принцот Вилијам додека тој позира и гордо ги покажува своите стомачни мускули.

Ниту Меган не изостанува па така претставена е како “слободна девојка“ која ја крева ногата и држи чашка алкохол во раката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг