Алепо ослободен по 8 години пекол: Погледнете како се слави победата на Асад на улиците во Сирија

Точка

17/02/2020

16:47

1.982

Големина на фонт

а а а

Сириската војска воспоставила целосна контрола во сите населби околу градот Алепо прв пат од 2012-та година, а терористите се повлекле од тие територии.

Победата е прогласена со заземање на секторите Лајрамон и Кафр Хамра, кои биле под долгогодишна контрола на џихадистите. 

На интернет се појавиле голем број на снимки кои прикажуваат како локалното население со знамиња од Сирија и фотографии од претседателот Башар Ал Асад го слават тој радосен настан.

Напредувањето на сириските сили исто така за прв пат по неколку години го обезбедило подрачјето од редовните артилериски напади на исламистите, што е уште еден знак за се поголемата контрола на сирискиот претседател Башар ал Асад над тоа подрачје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг