Лавров со остра критика до Трамп! Планот на претседателот на САД ќе го дестабилизира Блискиот исток

Точка

17/02/2020

17:21

1.871

Големина на фонт

а а а

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за израелско-палестинскиот договор, таканаречен "договор на векот", е дестабилизирачки фактор за Блискиот исток, оценил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во обраќањето на Конференцијата за Блискиот исток.

Голем број на држави на Блискиот исток и натаму минуваат низ сериозни тестови предизвикани од обиди за наметнување на нивните народи, сила, вредност и модели на развој кои за нив се чудни, наведено е во соопштението кое на конференцијата на Блискиот исток ја прочитал заменик министерот за надворешни работи на Русија, Игор Моргулов, пренесува TASS. 

"Денес во Персискиот залив вештачки се креваат тензии, а политичкиот дел на таканаречениот "договор на векот", кој е претставен кон крајот на јануари, е сериозен фактор за дестабилизација", стои понатаму во соопштението.

Русија верува дека мирот и стабилноста во целиот регион на Блискиот исток може да се обезбеди само со потпирање на меѓународното право и почитување на суверенитетот, независноста и територијалната независност на земјите, нагласил Лавров.

На основа на овие принципи зачувана е сириската државност и постигнат е опиплив успех во војната против тероризмот, а започнат е и внатресириски политички процес, навел Лавров.

Очигледно дека најдобриот начин да се сопре ескалацијата е да се работи на превенција на нови судири, нагласил Лавров, нагласувајќи дека поради тоа Русија се заложува за воспоставување на сеопфатен механизам за колективна безбедност и соработка во регионот на Персискиот залив.

Според наводите на рускиот министер за надворешни работи, предлозите на Русија се вклучени во концептот кој одговара.

Уверени сме дека нивната конзистентна примена ќе помогне да се постават темели за взаемна доверба во Блискиот исток, напишал Лавров, посакувајќи им на учесниците плодна работа на конференцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг