Секс два пати дневно наместо теретана: “Затегната сум и одлично расположена, но ми здодеаја оргазмите”

Кармин

18/02/2020

20:58

19.389

Големина на фонт

а а а

Иако можеби не може во целост да го замени вежбањето во теретана, досегашните студии докажале дека сексот согорува калории, а колку е побрз и пострастен, толку повеќе ќе успеете да ги стопите масните наслаги во телото.

Сепак, досега ретко сме прочитале искуство на жени кои преку секс успеале да постигнат одлично тело, да се затегнат или да се ослободат од вишокот килограми. 

За среќа, Рутеша од Австралија одлучила да ги заштеди своите пари и во истовреме да го обликува телото, а своето сексуално искуство го споделила со луѓето ширум светот.

Како алтернативен вид на вежбање, Рутеша во договор со својот партнер решила секој ден да има секс и тоа два пати дневно, а покрај тоа да го следи својот експеримент и да ги запишува резултатите кои ги остварува.

Ако некогаш ве интересирало колку калории можете да согорите преку сексуалната активност, Рутеша пресметала дека 30-минутен секс, вклучувајќи ја и предиграта, согорува 150 калории.

Австралијанката и нејзиниот партнер вовеле некои промени во креветот за дополнително да се “размрдаат” и ги замениле секс позите со оние кои бараат дополнителна енергија како каубојка, обратна каубојка и секс во стоечка позиција.

Првиот ден од нејзината фитнес рутина бил многу успешен, а Рутеша признала дека долго време немала мирен сон како таа ноќ, благодарение на серотонинот.

По неколку дена, оваа девојка сфатила дека е тешко да се држи до својата цел, бидејќи за секој ден преку секс да троши од 200 до 250 калории, таа морала да биде уште покреативна во креветот, а тоа би значело дека сексот би требало да стане еден вид задача која мора да ја извршува секојдневно.

Меѓутоа, Австралијанката признала дека не ѝ одговарал големиот број на постигнати оргазми бидејќи “ги имате толку често и со самото тоа веќе не ги доживувате на ист начин како претходно”.

“Ако не успеете да доживеете оргазам се чувствувате фрустрирано, а кога го доживувате секој ден по неколку пати, сфаќате дека сте изморени”, вели оваа девојка.

Во целина крајниот резултат бил одличен – таа тврди дека е позатегната во однос на перидот пред експериментот, но и во однос на деновите кога вежбала во теретана. Но, освен физичките резултати, Рутеша признала дека сексот драстично ѝ го подобрил расположението и со самото тоа станала поопуштена и посамоуверена.

Уште една работа која вреди да се напомене е дека Рутеша и нејзиниот партнер се чувствувале многу поповрзани отколку претходно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk