Овој маж не излегува од дома поради 18+ проблемот по операцијата: „Не можам да облечам панталони“

Супермен

18/02/2020

12:30

5.850

Големина на фонт

а а а

Џејмс Скот од Шкотска, поранешен слаткар, моментално проживува вистинска агонија откако пред четири години на него паднало 1.5 тони тешко стакло поради што имал тешка повреда на карлицата.

57-годишникот тогаш се здобил со тешки повреди и на пределот на препоните, ја скршил коската на дното на 'рбетот, имал повреди на двете нозе, а оштетен му е и каналот за мокрење.  

Пред две години правел операција за да го реши проблемот во пределот на гениталиите, но тоа му донело уште поголеми компликации што после тоа не можел да постигне ерекција, пишуваат од „ Daily Record“.

Потоа направил уште една операција од која резултатот бил постојана ерекција. Сега, како што вели тој е затвореник во својот сопствен дом. Поради постојаната ерекција има неподносливи болки, а едвај облекува и панталони.


„По првата операција не можев да постигнам ерекција па затоа сакав да направам уште една со која во менисот ми ставија метална шипка. Ми кажаа дека ќе ме боли само осум седмици по операцијата, но вакво нешто не очекував“ - раскажал овој маж.

Тој исто така ги обвинил докторите дека не сакаат да му помогнат. Вели дека во болницата му кажале дека неговиот доктор е на годишен одмор и дека не постои ниту еден друг машки доктор кој би можел да го прегледа.

„Сигурен сум дека и мажите и жените кои се меѓу докторите секојдневно прегледуваат пациенти од спротивниот пол“ - вели огорчениот Џејмс. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk