Несекојдневен спој на њујоршкиот шик и иновативната технологија

Точка

18/02/2020

17:17

2.204

Големина на фонт

а а а

Водечките медиуми, инфлуенсери и познатите личности пред некоја вечер имаа прилика да присуствуваат на ексклузивен, приватен настан во склоп на Модната недела во Њујорк, во организација на компанијата Samsung и врвниот моден бренд Thom Browne.

Причината за овој собир, во можеби необичниот спој на технологијата и високата мода, беше претставувањето на новото издание на Galaxy Z Flip свитливиот телефон, во бои карактеристични за познатиот њујоршки дизајнер.

Том Браун во светот е познат како дизајнер кој што ја промени и осовремени униформата на денешницата – машкото одело. Преиспитувајќи ги традиционалните пропорции, Брауновиот дизајн доследно ја пренесува вистинскиот американски сензибилитет, вкоренет во квалитетна изработка и прецизни кроеви. Неговиот заштитен знак се концептуалните ревии, кои што привлекуваат внимание насекаде низ светот, поради провокативните и драматични теми и поставки, а најновата соработка со Samsung не е ништо поразлична.

Со цел прославување на почетокот на оваа несекојдневна соработка, гостите присуствуваа и уживаа во live перформансот, по кој што можеа и самите да ја пробаат оваа модна икона помеѓу телефоните за сезоната 2020/2021. По пример на уредот, во која што чест е и организиран, настанот беше совршена комбинација од висока мода и технолошки иновации, претставувајќи вонвременски стил и врвна креативност на двата брендови.

Galaxy Z Flip Thom Browne Изданието е создадено за оние кои што не се плашат да бидат поразлични – како и за оние кои што сакаат технологијата која што ја користат да остава ист впечаток како и нивната гардероба. Во центар на вниманието се линии во бела, црвена и тегет боја, препознатливи за брендот Thom Browne, на модерна основа со боја на песок. Целиот квалитет и иновативните функции на Galaxy Z Flip се присутни и понатаму, а уредот доаѓа во пакување со специјално дизајнираните Galaxy Buds+ слушалките и паметниот часовник Galaxy Watch Active2.

Ограничените количини на Galaxy Z Flip Thom Browne Edition телефоните ќе бидат достапни за нарачување на одбрани пазари, почнувајќи од 14 февруари, на сајтовите Samsung.com и Thombrowne.com, како и на NET-A-PORTER и MR PORTER, додека официјалната продажба ќе започне во март.


За повеќе информации, посетете ги www.thombrowne.com, news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com или https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip/.



Спонзорирани линкови

Маркетинг