Дуа Липа му честиташе Ден на независноста на Косово, па предизвика бурни реакции кај Србите

Точка

18/02/2020

18:45

5.360

Големина на фонт

а а а

Дуа Липа (24), британската пејачка со албанско потекло, го честитала Денот на независноста на самопрогласената република Косово.

Овој нејзин потег предизвика лавина негативни коментари од Србите.

Пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографија под која напиша: „12 години независност. Постои само една земја, останатите се нијанси“, пишува под фотографијата.

Оваа јавна порака предизвикала бес кај нејзините следачи, а голем број Срби кои ја почитуваат и ја сакаат нејзината музика, луто ѝ одговориле дека Косово е дел од Србија.

„Косово е Србија“, „Врати се во Србија“, „Како да не“, „Тогаш зошто не живееш таму“, „Ти си таков националист, Косово е Србија“, се само некои од коментарите под нејзината објава.

За тоа дека го поддржува Косово докажа и минатата година на фестивал во Приштина, кога го покажа двоглавиот орел, симболот на голема Албанија, но го прегрна и знамето на Албанија, што и тогаш разлути нејзини многубројни фанови од Србија. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг