Индија ги крие сиромашните? Кренат ѕид кон сиромашна населба пред посетата на Трамп

Точка

18/02/2020

20:45

5.741

Големина на фонт

а а а

Високата владина службеничка Биџал Пател изјавила дека ѕидот е кренат од безбедносни причини и дека не ја прикрива сиромашната населба.

Ѕидот од цигли долг половина километар забрзано е кренат во индиската држава Гуџарат пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп, а критичарите наведуваат дека е изграден за да го блокира погледот на сиромашната населба во која живеат повеќе од 2.000 луѓе. 

"Со оглед на тоа дека трошат пари на овој ѕид, зашто тоа да не го искористиме за подобрување на нашата населба и поголеми погодности за нас", рекол Кеши Сараниа, еден од жителите.

"Зошто не кријат нас сиромашните луѓе", се прашал тој, пренесува "AP".

Трамп во текот на дводневната посета на Индија следната недела ќе го посети градот Ахмедабад во Гуџарат за да присуствува на настан со име "Намасте Трамп", што во поздрав значи "Поздрав, Трамп", на стадион за крикет.

Минатиот септември бил одржан собир "Здраво Моди", кога Трамп му бил домаќин на индискиот премиер Нарендра Моди во Хјустон.

Трамп ќе се вози покрај сиромашната населба и ќе биде во придружба на Моди, кој е од Гуџарат.

Високата владина службеничка Биџал Пател изјавила дека ѕидот е кренат од безбедносни причини и дека не ја прикрива сиромашната населба.

"Освен од безбедносни причини, ѕидот е поставен и поради разубавување и чистота", рекла таа.

Властите вчера, исто така, пратиле известување за иселувањето на 45 семејства кои живее во друга сиромашна населба во близина на стадионот за крикет.

Жителите рекле дека од нив барале да ги напуштат домовите поради претстојниот настан, но градското собрание тоа го негирало.



Спонзорирани линкови

Маркетинг