Брат на фудбалер на ПСЖ жестоко распали по Тухел: Да ти ја е**м мајката, кучкин сине

Дерби

19/02/2020

10:24

1.388

Големина на фонт

а а а

Екипата на ПСЖ претрпе пораз на првиот осминафинален натпревар против Борусија Дортмунд (2:1) и сега реванш средбата во Париз ќе ја чека со негатива.

По овој натпревар прв на мета на критичарите беше тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, кој пак доби и сериозни навреди од братот на играчот на ПСЖ, Преснел Кимпембе.

Ману Кимпембе на социјалните мрежи објави видео на кое жестоко го напаѓа тренерот на ПСЖ со погрдни зборови.

– Се надевам дека си добро , Тухел, да ти ја е**м мајката, кичкин сине…Ти си шега брате, шега, -викаше нервозно Ману Кимпембе.

Инаку, Преснел Кимпембе е редовен оваа година во тимот на ПСЖ, а интересно е тоа што го одигра и целиот натпревар против Борусија Дортмунд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг