Венгер предлага измени на офсајд правилата кои би требало да стапат на сила на Европското првенство

Дерби

19/02/2020

11:57

1.405

Големина на фонт

а а а

Поранешниот стратег на Арсенал, Арсен Венгер предлага промени во офсајд правилата кои би требало да стапат на сила на Европското првенство кое ќе се одржи ова лето.

Изминатиов период откако во функција е ВАР системот, често се гледаат минимални офсајди кои се проценуваат со повлекување на линии, па тоа предизвика големи контроверзии во јавноста.

За да се избегнат ваквите работи, Венгер предлага промена на правилата според кои играчот ќе биде во дозволена позиција ако деловите од неговото тело со кои може да постигне погодок се во линија или зад последниот одбранбен фудбалер.

– Нема да бидете во офсајд ако било кој дел од телото со кој може да постигнете гол е во линија со последниот одбранбен фудбалер, дури и ако другите делови од телото на напаѓачот се понапред. Тоа донекаде ќе ја среди ситуацијата и нема да има потреба да се носат одлуки во кои одлучуваат милиметри, - изјави Арсен Венгер.

Ова правило ќе биде дискутирано на ИФАБ состанокот кој ќе се одржи во Белфаст на 29 февруари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг