Скандал во САД - со мамење до титула

Точка

19/02/2020

12:04

2.091

Големина на фонт

а а а

Американскиот спорт, поточно бејзбол, го потресол скандал каков досега не е виден.

Хјустон Астрос, шампион на MLB од 2017-та година, се обвинети, просто и едноставно, дека мамеле за да дојдат до титулата. 

Американскиот медиум "The Athletic" во ноември 2019-та година објавил приказна за тоа како Хјустон, во текот на походот кон титулата во 2017-та година, користел технологија за да ги краде сигналите кои противниците си ги праќале.

Фрлачот на Оукленд Атлетикс, Мајк Фајерс, таа сезона, како и уште две, бил резерва во Хјустон, а токму тој го открил "неделото" на својата поранешна екипа.

Кратко по објавувањето на статијата, MLB отворила истрага, а комесарот на лигата Роб Манфред кон средината на јануари излегол со пресуда.

Астрос во текот на 2017-та и 2018-та година преку електронски пат, поточно со скриени камери, ги краделе сигналите кои противничките фаќачи им ги праќале на своите фрлачи, па тие информации брзо ги проследувале до своите играчи на теренот, што е строго против правилата.

Хјусот поради тоа бил казнет со пет милиони долари, менаџерот Еј Џеј Хинк и генералниот менаџер Џе Лахнау добиле едногодишни суспензии и биле отпуштени од екипата, која попатно ги изгубиле сите пикови од првата и втората рунда на драфтот во 2020-та и 2021-ва година.

Хјустон Астрос со очигледно и докажано мамење дошле до титулата во 2017-та година, а потоа продолжиле со истата пракса, но тоа нема да им го одземе епитетот шампион.

Иако не е докажано дека Хјустон истото го правел и минатата година, се верува дека до финалето, каде бил поразен од Вашингтон Нешналс, дошол користејќи ја истата тактика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг