Артета носи германски репрезентативец во летниот преоден рок

Дерби

19/02/2020

12:13

1.157

Големина на фонт

а а а

Англиските медиуми пренесуваат дека Микел Артета ќе има солидна сума на пари за трошење во летниот преоден рок.

На Арсенал дефинитивно му е потребен ремонт на тимот кој и годинава се мачи да ги оствари зацртаните резултати и во моментов е некаде на средината на табелата во Премиер лигата.

Наводно, од редовите на Арсенал на лето ќе тргнат по ангажман на стоперот на Баер Леверкузен и германски репрезентативец, Џонатан Тах.

Тах има договор со „фармацевтите“ до 2023 година, а ќе може да ја промени средината за околу 40 милиони евра.

Освен Тах, следното лето ќе пристигне и Вилијам Салиба, 20 годишниот стопер кој Арсенал го купи минатото лето но го остави на позајмицаво Сент Етјен.

Од клубот дефинитиво ќе си замине играчот со потекло од Гостивар, Шкодран Мустафи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг