Најпознатиот мексикански нарко бос, Хоакин Гузман познат како Ел Чапо, кој инаку е осуден на доживотна затворска казна, се појавува на досега необјавена снимка на која може да се види како дава отпечатоци од прсти и го шишаат во затвор во 2016-та година.
Како што може да се види на видеото, Ел Чапо носи затворска униформа со број 3870 и се слуша како одговара на прашањата на полицајците на кои исто така им дава отпечатоци од прсти.
„Прекар? Ел Чапо. Професија? Фармер“, одговара лидерот на најголемиот мексикански нарко картел „Синалоа“.
Исто така, Ел Чапо вели дека има 58 години, дека има завршено основно образование, а на прашањето која му е сопруга, вели дека е оженет со Алехандрина Салазар, но живее со Ема Коронел.
Снимката е направена пред четири години, а деновиве ја објави „Латинус“, откривајќи дека е снимена во затворот „Алтиплано“ во Мексико. Така било регистрирано неговото затворање после двете претходни бегства од мексиканските затвори. Инаку, Ел Чапо моментално е во САД каде што одлежува доживотна затворска казна.
Unseen images of #ElChapo being locked up in a #Mexican #prison for a third time in 2016 after two #escapes#Chapo #Mexico pic.twitter.com/ILffzEqhe8
— RT (@RT_com) February 19, 2020