Тодоров на нешто повеќе од 24 часа пред клучната средба со Естонија: Имаме некои проблеми, но подготвени ја дочекуваме Естонија

Дерби

19/02/2020

16:32

633

Големина на фонт

а а а

Кошаркарската репрезентација на Македонија утре ќе го одигра првиот, и можеби клучен натпревар за пласман на Европскоото првенство против селекцијата на Естонија.

Натпреварот од евроквалификациите ќе се одигра во „А1 Арената“ со почеток од 20:15 часот, а пред средбата свое видување за текот на подготовките даде и селекторот Александар Тодоров.

„Влегуваме во последните неколку часа пред првиот натпревар. Она што можам да го истакнам како промена од тогаш е дека одработивме еден циклус, осум тренинга и еден пријателкси натпревар. Нешто што особено ме прави задоволен е што сме комплетирани веќе одамна така што успеавме да ги поставиме работите како што треба, да го организираме тоа што сакаме да биде наш стил на игра. Од тој аспект сум задоволен. Имавме мали проблеми, особено по пријателскиот натпревар со Гостивар, некаква вироза која оддалечи некои кошаркари од тренажен процес. Имаме некои ситни повреди, но нашиот медицински штаб тврди дека ќе бидат подготовени и за нашиот вечерен тренинг – потенцира Тодоров.

Тодоров истакна дека младиот кошаркар Андреј Јакимовски веројатно ќе го пропушти натпреварот поради тоа што тој бил најмногу погоден од вирозата.

Еден од кошаркарите, Бојан Крстевски најави максимално залагање за позитивен резултат против Естонија.

- Имавме неколку дена заедно, можеби не беа премногу, но сепак се доволно. Задоволен сум и од тактики и од физички план. Наше е сега да се бориме на сите натпревари и да го оствариме тоа за кое ќе се договориме однапред. Максимално борбена игра за да го постигнеме посакуваниот резултат – додаде репрезентативецот Бојан Крстевски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг