Познат новиот клуб на Лалана, искусниот фудбалер останува во Англија?

Дерби

19/02/2020

16:33

910

Големина на фонт

а а а

Адам Лалана и дефинитивно ќе стави крај на авантурата во редовите на Ливерпул. Искусниот фудбалер на најдобар можен начин, веројатно со титула од Премиер лигата ќе се одјави од тимот во кој настапува во изминатите неколку години.

За Лалана постои сериозен интерес од неколку клубови од Премиер лигата меѓу кои, Тотенхем, Арсенал, Лестер и Вест Хем.

Како што пренесува „Скај Спортс“, Лестер веќе стапил во контакт со играчот и веќе се извршени иницијалните разговори.

Лалана немал ништо против да потпише за Лестер, тим кој веројатно ќе му обезбеди и настап во Лигата на шампионите за следната сезона, меѓутоа побарал време за да ги разгледа сите понуди кои ќе стигнат на негова адреса следниот период.

Сепак, се верува дека Лестер ќе стигне до неговиот потпис затоа што нема да дозволи конкурентите да ја добијат битката. „Лисиците“ ќе се во потрага по офанзивен фудбалер од средниот ред затоа што на лето речиси сигурно ќе останат без Џејмс Медисон кој се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг