Путин го смени својот најблизок соработник: Го нарекуваа „Сивиот кардинал“ и поради него рускиот претседател е така моќен!

Точка

19/02/2020

18:15

4.397

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин го отпушти Владислав Сурков, еден од неговите најпознати советници и творец на „Путинизмот“ и „Вертикалната моќ“.

Неговата смена е објавена на официјалната интернет страница Кремљ и засега никој не знае која ќе биде новата функција на Сурков.

Токму Сурков е еден од најомразените личности кај руската опозиција, затоа што од претседателската администрација на почетокот на 2000-та година организираше воспоставување на систем на власт со помош на контролирани медиуми, таканаречена „послушна“ опозиција во парламентот и задушување на протести.

Сурков во Русија го сметаат за творец на „Вертикалната моќ“, државна моќ која зависи само од еден човек - Владимир Путин. Беше најблискиот советник на Путин и стратег познат како „Сив кардинал“ поради неговото влијание на Путин „зад сцената“ и трасирањето на неговата повеќедецениска политика.


Од 2014-та година тој беше главниот руски стратег во украинската криза која ја одбележа припојувањето на украинскиот полуостров Крим кон Русија и судирот на про-руските терористи со украинската армија, војна во која загинаа повеќе од 13 илјади луѓе.

Сурков беше опседнат со спречувањето на про-западните протести кои избија во неколку поранешни советски републики, посебно во Украина во 2004-та година и во Грузија во 2003-та година.

Додека Москва не признава дека финансиски и воено ги поддржува сепаратистите, Сурков не ги крие своите лични врски со нив. На погребот на Александар Захарченко, еден од лидерите на терористите на истокот на Украина, кој беше убиен во 2018-та година, Сурков го нарече „брат“.

Сурков е роден во 1964-та година, мајка му е Русинка, а татко му Чечен. Кариерата ја започна во 1987-ма година во банката „Менатеп“ во која го вработил Михајло Ходоровски, човек кој израсна во олигарх и милијардер и стана најголем непријател на Владимир Путин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг