Ќерката на Стивен Спилберг снима порно филмови, а славниот режисер целосно ја поддржува: “Не гледам ништо лошо во тоа”

Супермен

20/02/2020

14:56

8.734

Големина на фонт

а а а

Режисерот Стивен Спилберг ја поддржал желбата на ќерката Микаела да се оствари како актерка во филмови за возрасни.

Микаела Спилберг која е инаку посвоена ќерка на Стивен, неодамна објавила дека планира да започне кариера во индустријата за возрасни, а како што објаснила, оваа професија “ѝ влева сила и самодоверба”. 


Во едно интервју, Микаела изјавила дека нејзиниот татко и мајка ѝ Кејт Чапшоу ја поддржуваат во нејзиниот избор.

“Не гледам ништо лошо, ниту причина за срам затоа што постои фасцинација за порно индустријата. Безбедноста секогаш ми била на прво место и не го правам ова за да повредам некого, туку за да го славам моето тело и мојот живот”, изјавила Спилберг.


Таа веќе некое време објавува самостојни видеа, но повеќето снимки биле набрзо отстранети од интернет.

Микаела објаснила дека ова е повик кој ќе ја направи посилна, по долгогодишната борба со алкохолизмот и анорексијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk