Наскоро за првпат во продажба Дизни венчаници - еве колку божествено ќе изгледаат!

Точка

20/02/2020

17:46

4.078

Големина на фонт

а а а

Многу девојки уште од мали фантазираат за совршената балска венчаница која ќе ја носат на денот на својата венчавка.

Токму тие бајковити балски тоалети на сите девојчиња им останале во сеќавање додека ги гледале цртаните филмови на Дизни.

Пепелашка имаше прекрасна тоалета со која го маѓепса принцот, Заспаната убавица исто така, како и Малата Сирена и Бела од Убавицата и ѕверот.

Токму во согласност со овие имагинации, модната индустрија ќе биде побогата за уште една колекција венчаници „The Disney Fairy Tale Wedding Collection“.

Колекцијата ќе биде претставена на саемот за венчавки во Њујорк.

Бутикот за венчавки „Allure Bridals“ објавиле дека соработуваат со Дизни, за да ја дизајнираат колекцијата со раскошни венчаници инспирирани од популарните принцези од цртаните филмови.

Колекцијата ќе опфати 16 венчаници налик на тоалетите кои ги носат женските ликови од популарните цртани: Аријел, Бела, Јасмин, Пепелашка, Снежана, Покахонтас.

Јавноста ќе може венчаниците да ги види во април годинава, а цените ќе се движат од 1000 до 2.500 евра.

Седум од вкупно 16 венчаници ќе бидат дел од платинум колекцијата чии цени ќе се движат и до 10 илјади евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг