Книга од 1981 година предвидела дека во 2020 година ќе се развие вирус во Вухан – еве што пишува во неа

Точка

21/02/2020

10:59

7.320

Големина на фонт

а а а

Озлогласениот коронавирус со кој се заразени повеќе од 75.600 лица, досега однесе 2.126 животи. Во последните неколку дена, интернетот стана опседнат со романот “The Eyes of Darkness” на американскиот писател Дин Кунц поради фактот што во истиот се споменува слична болест на коронавирусот.

Луѓето на социјалните мрежи започнале да објавуваат цитати од оваа книга, тврдејќи дека Кунц ја предвидел епидемијата на овој вирус, особено бидејќи во својот роман го споменува Вухан како епицентар на заразата за која се пишува во книгата. 


Писателот во овој трилер, објавен 1981 година, го нарекува вирусот “Вухан-400”, што е морничава коинциденција, но постојат големи разлики помеѓу вистинскиот вирус кој потекнува од овој град и оној опишан во романот.

Првата разлика е што “Вухан-400” бил развиен како био оружје надвор од самиот град со цел да се намали популацијата. Поради тоа стапката на смртност на овој вирус е 100 отсто, односно сите кои ќе се заразат од него, умираат. Од друга страна, коронавирусот има стапка на смртност од 0,2 отсто.

Освен тоа, “Вухан-400” има екстремно краток 4-часовен период на инкубација додека тој кај коронавирусот трае помеѓу 2 и 14 дена.

Уште една работа која се поклопува во реалноста и во книгата е тоа што Институтот за вирологија во Вухан навистина постои и се наоѓа неколку километри надвор од самиот град. Сепак, тој е основан во 1956 година, 25 години откако бил објавен романот.

Дали оваа книга навистина го предвидела коронавирусот?

Според пишувањата на “Taiwan News”, во претходните копии од книгата, вирусот има поинакво име. Наместо името “Вухан-400”, вирусот кој го развила кинеската влада го носел името “Горки-400” и бил креација на руските научници.

Дури во подоцнежните изданија било променето името на вирусот, но не е познато точно кога. Многу е веројатно тоа да се случило во 90-тите години на минатиот век.

Во книгата било напишано и дека вирусот повторно ќе се повтори 10 години по првото избивање (во 2030 година) и дека потоа никогаш повеќе нема да се појави.

Зошто не треба да бидеме изненадени?

Иако е интересно да се види фикција од книга преточена во филм или серија, романите кои ја “предвидуваат иднината” не го фасцинираат Чана Хокеј, крими писател од Хонгконг бидејќи таквите “пророштва” можат да се најдат во многу дела.

“Ако навистина се потрудите, можете да видите пророштва во сè. Тоа ме потсетува на Теоремата за бесконечниот мајмун”, изјавил овој писател, коментирајќи го случајот со романот на Кунц.

Теоремата за бесконечниот мајмун е теорија според која мајмунот кој случајно удира во тастатура може да се случи да напише некаков текст, но веројатноста за тоа е многу мала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг