Се шири стравичен предизвик меѓу тинејџерите на ТикТок, внимавајте на децата!

Точка

21/02/2020

22:06

52.133

Големина на фонт

а а а

„SKULL-BREAKER“ е предизвик кој се шири со брзина на светлината на социјалната мрежа ТикТок. Меѓутоа, исклучително е опасен и родителите со причина се загрижени.

Според видеата кои се споделуваат на интернет, предизвикот бара три лица да застанат пред камера. Двајцата кои стојат од страните скокаат во исто време, а потоа им се приклучува и третиот човек кој е потребно при скок да биде удрен во нозете, за да ја загуби рамнотежата и да падне.

При ова паѓање најчесто се појавуваат повреди на главата, па оттука потекнува и името на предизвикот Skull-Breaker.

Многу деца, воглавно во тинејџерски години, после впуштањето во овој предизвик биле хоспитализирани, па паниката се шири на социјалните мрежи.

##https://twitter.com/SimmiAhuja_/status/1228577933901455365?s=20##

Една мајка на Фејсбук зборувала за последиците кои овој предизвик ги предизвикал кај нејзиниот син. Момчето при падот на грб и глава, ја загубило свеста. Пренесено било во болница каде завршило на шиење, дијагностицирана му е повреда на главата и загубило два предни заба.

Потребно е со децата отворено да се зборува и да им се објасни да не наседнуваат на виралните предизвици кои можат да завршат трагично, советуваат експертите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг