Многумина ја практикуваат оваа утринска комбинација, но докторите предупредуваат – лоша е за желудникот и срцето

Точка

22/02/2020

15:18

6.694

Големина на фонт

а а а

Истражувањата покажуваат дека ова е убиствена комбинација бидејќи претставува опасност по желудникот и срцето.

За пушачите и љубителите на кафе нема ништо послатко од цигара со утринското кафе. Овој ритуал се повторува секој ден, но важно е да се напомене дека истиот воопшто не е здрав. Имено, и кафето и цигарите делуваат како привидни стимуланси кои многу брзо го поправаат расположението кај човекот и го прават буден и спремен за дневната “акција”. Но, истражувањата покажуваат дека ваквата комбинација не е добра, особено кога се практикува наутро и на празен стомак. 


Цигарата по будењето е најопасна

Познато е дека цигарите се полни со канцерогени материи, но онаа која ќе ја запалите штом се пробудите е најнездрава од сите останати кои ги пушите во текот на денот. Пушачите кои пушат цигара веднаш по будењето имаат 2 пати повеќе канцерогени материи во крвта од пушачите кои палат цигара по половина час. Статистиката вели дека 32 отсто од пушачите ја палат првата цигара во денот во првите 5 минути по будењето, 31 отсто од нив од 6-та до 30-та минута, 18 отсто од 31-та до 60-та минута, а 19 отсто по еден час по будењето.

Кафето на празен желудник предизвикува гастритис

Пиењето кафе на празен желудник рано наутро го стимулира излачувањето на хлороводородна киселина во дигестивниот тракт, што може да биде многу проблематично за лицата склони кон гастритис. Кафето кое се консумира пред појадокот може да предизвика надуеност, иритација и воспаление на цревата па сè до чир на желудник кој често го предизвикува бактеријата хеликобактер пилори. Киселините кои ги содржи овој напиток можат да го ослабнат заштитниот слој на желудникот и да го олеснат населувањето на овој патоген.


Кога е време за првото кафе во денот?

Истражувањата покажуваат дека најдоброто време за првото кафе во денот е еден час по будењето и задолжително по појадокот (помеѓу 9:30 и 11:30 часот). Имено, кога ќе се разбудиме, количината на кортизол во крвта (кој поттикнува будност) е сè уште висока, па затоа овој напиток е најдобро да се пие кога кортизолот опаѓа. Во спротивно, дејството на кафето ќе слабее, ќе се создаде отпорност па со текот на времето ќе мора да консумирате повеќе шолји кафе во денот за да го добиете истиот ефект.



Спонзорирани линкови

Маркетинг